Четворица Кубанци кои нелегално влегле во државата пронајдени во автомобил кај Гевгелија | Правдико

Правдико

   

Четворица Кубанци кои нелегално влегле во државата пронајдени во автомобил кај Гевгелија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

54-годишeн скопјанец вчера бил приведен на влезот на Гевгелија откако при претрес на неговиот автомобил полицијата пронашлa четворица Кубанци кои илегално влегле во државата.

Како што информираат од МВР, во автомобилот „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени Д.П.Д.А.(20), Р.Р.Т.(51), С.Г.Е.(20) и А.К.Г.(30), сите од Куба.

По целосно документирање на случајот, за петмината приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико