Четворица обвинети за крвавиот четврток ќе се бараат со потерница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а во врска со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., се недостапни на органите за прогон, донесе решенија со кои на сите им определи мерка притвор во траење од 30 дена по нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, соопшти кривичниот суд.
Решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно со одредбите од законот, донесува органот кој jа води постапката.
В. М.
Извор: Макфакс