Четворица вработени во општина Карпош донесени во судот | Правдико

Правдико

   

Четворица вработени во општина Карпош донесени во судот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Финансиската полиција на распит ги донесе лицата кои се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош, за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски, кој исто така беше приведен во врска со овој случај. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за М.Д. во својство на раководител на секторот за Јавни набавки, Н.Н. во својство на помошник раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С. раководител на одделението за сметководство.

Тие се спроведени во судот каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост, додека Јакимовски и натаму се наоѓа во полициска станица.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико