Чичаковски и сопругата на ексспецијалниот обвинител Ајро избрани за управни судии
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Разрешениот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, е избран за судија во Управниот суд од 31 кандидат на денешната седница на Судскиот совет. Чичаковски беше разрешен поради бонусите кои си ги подели во ДИК.
За управна судијка избрана е и сопругата на ексспецијалниот јавен обвинител, Артан Ајро, Елеонора.
Елеонора Ајро при последното рангирање на оценките немала доволно бодови за да биде избрана за судија во кривичниот или граѓанскиот суд и поради тоа ја ставиле на листата за обвинител.
Таа е третата судијка избрана во Управниот суд од Академијата, иако денешниот избор е по стариот закон, бидејќи по новиот закон, сега и за во овој суд кандидатите ќе мора да доаѓаат од Академијата.
Извор: Макфакс