Чичаковски: Завршен е најголем дел од активностите за локалните избори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Завршен е најголем дел од планираните активности за локалните избори 2017 закажани за 15 октомври, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, кој истакна дека повеќето од општинските изборни комисии се веќе оперативни, а изборните одбори формирани.
ДИК со подготовки за локалните избори започна веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори.
– Беа изготвени планови за активности што требаше да ги преземеме за подготовка за локалните избори и веднаш се започна со преземање дел од тие активности. Некои од активностите подоцна беа преземени и со планот 3-6-9 на Владата. Тоа и не беше случајно бидејќи при изготвувањето на планот 3-6-9 направивме неколку средби со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и неговиот тим, на кои ги дефиниравме приоритетите што требаше да влезат во планот во поглавјето за изборите. Тоа е првото поглавје во планот 3-6-9, што укажува на приоритетот на тие активности. Од оваа дистанца можам да кажам, а за тоа подготвивме информација до Владата на РМ и го информиравме тимот од ЕП и ЕК, со кои имавме средба пред неколку дена, дека е извршен најголем дел од активностите кои беа планирани и слободно можам да истакнам дека сум задоволен со сите активности што ги преземавме за подобро организирање и спроведување на локалните избори – рече претседателот на ДИК.
Чичаковски вели дека во моментов сите општински изборни комисии се целосно оперативни и ги добиле потребните просторни, технички услови од општините и нормално функционираат. Во моментов исто така се изготвуваат и доставуваат решенијата за избор на членовите на избирачките одбори.
Извор: Макфакс