Правдико

   

Чија рака го држела ножот што ја усмрти докторката Јелка Масин?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството сè уште не излегува со детали дали докторката Јелка Спасовска-Масин е убиена или се самоубила. „Макфакс“ од свои извори во МВР дознава дека сакаат случајот да го затворат како самоубиство, иако Обвинителството сè уште истражува, а наодите од Судска медицина не наведуваат прецизно за таков исход. Ниту Обвинителството не може да одреди сè уште дали е убиство или самоубиство – досегашните докази не даваат сигурен исход ниту за една варијанта.

Деталите од истрагата до кои дојде „Макфакс“ говорат дека целата ситуација е нејасна и не е направен максимален напор да се открие како настанала смртта кај докторката. Засега е најблиску сценариото што Јавното обвинителство планира да го направи, односно дека се работи за самоубиство, при што докторката наводно трипати сама си забола нож во пределот на вратот, на задниот дел од главата. Според неофицијалните информации, докторката Спасовска-Масин првин еднаш си го забола ножот, а веднаш потоа си нанела убод од 4 сантиметри, за и покрај тоа, да си нанесе трета рана со убод од 12 сантиметри.

Студиите и анализите направени за самоубиства со самоубодни рани покажуваат дека ова го има само кај 1,6 отсто од целата популација, а тие биле последица на трауми. Но, смртноста од вакви рани е екстремно ниска и е само кај машката популација.  Лицата што извршуваат самоубиства претпочитаат безболна смрт. Најчестите обиди за самоубиство се со бесење и труење. Според повеќе студии, убодувањето со нож е една од најчестите начини за убиство. Ниту една од анализите не покажуваат случаи ниту можност за самоубиство со убод во пределот на вратот.

Според информации на „Макфакс“ од лица во истрагата, тенденцијата на Основното јавно обвинителство е да го затвори овој случај како „успешно решен“, односно како самоубиство, иако по шест месеци има многу нејасни моменти, кои не се поклопуваат со реалната слика што била затечена вечерта кога било пронајдено мртвото тело на докторката. Беживотното тело на докторката беше пронајдено на 10 мај, шест месеци подоцна, не се собрани и земени превид сите докази и факти, велат познавачите на оваа материја, кои додаваат дека не е направн сериозен напор да се дојде до вистината.

Никој од крвното сродство од страна на докторката Јелка Спасовска-Масин досега не бил повикан на разговор во полицијата.

К. Ландов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико