Правдико

   

Чиле одобри присуство на Косово на Генералното собрание на Интерпол

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Чилеанските власти го одобрија учеството на приштинската делегација на Генералното собрание на Интерпол, што ќе се одржи во Сантјаго од 15 до 18 октомври, објави РТС.

Минатогодишниот обид на Приштина да стане полноправен член на Интерпол беше неуспешен бидејќи оваа иницијатива не го доби потребното мнозинство гласови.

Претходно, српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека не се направени никакви измени од последното Генерално собрание на Интерпол во Дубаи, со што би се сменила одлуката за неприфаќање на Косово.

Тој исто така потсети дека евентуалниот прием ќе доведе до политизација на таа професионална полициска организација и дека една од далекосежните последици би била издавање налози за апсење засновани врз политички, а не полициски критериуми.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико