Членките на ЕУ може да ги одбијат барателите на азил поврзани со тероризам
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европските држави може да ги одбијат барателите на азил кои учествувале во активности на терористички групи, дири и доколку нивната одлука била ограничена само на логистика, одлучи во вторникот Европскиот суд на правдата (ECJ).
Судот ја донесе оваа одлука против Мароканец чиешто барање за азил во Белгија било отфрлено откако од белгискиот суд во 2006 година бил обвинет за фалсификување на пасоши за мароканска група која регрутирала џихадисти за Ирак и го осудил на шест години затвор.
Мостафа Лунани барал бегалски статус стравувајќи од прогон доколку се врати во татковината, во којашто би бил сметан за радикален исламист и џихадист.
„Барањето за азил може да биде отфрлено доколку барателот на азил учествувал во активностите на терористичка мрежа. Не е нужно барателот на азил лично да извршил терористички дела, поттикнувал на нив или учествувале во нивното нарачување“, се наведува во пресудата на Европскиот суд на правдата.
Повикувајќи се на резолуцијата 2178 на Советот за безбедност при Обединетите нации од 2014 година за меѓународните терористички мрежи, судот појаснува дека азилот може да им биде оневозможен на лицата кои учествуваат во регрутирање, организација и транспорт на луѓе кои патуваат преку границите за да извршат или да планираа терористички напади.
Извор: Макфакс