Правдико

   

Членови на Судскиот совет немаат безбедносни сертификати да го читаат извештајот за местењето предмети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Го добивме извештајот на работната група при Министерстото за правда за проверка на системот АКМИС и испративме мислење до тоа Министерство, рече првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџоски.

Според Судскиот совет, дискутабилно е дали извештајот треба да има назнака строго доверливо. „Ние сме во дилема дали извештајот треба да се води по таа класификација“, рече Караџоски. Според него, на извештајот, кој бил испратен во советот од Министерството за правда, било ставено обично ливче на кое со пенкало било напишано „строго доверливо“.

Караџоски тврди дека членови на Судскиот совет немаат безбедносни сертификати за да го прочитаат извештајот. На новинарско прашање дали е точно дека одредени членови на Советот не може да добијат безбедносен сертификат, тој не можеше да даде конкретен одговор. Караџоски притоа рече дека во извештајот нема конкретни примери со предмети и извештајот може да претставува само основа за подлабинска проверка.

На прашање на „Макфакс“ дали не е симптоматично за Судскиот совет што распоредот на судии во Врховниот суд за само една година бил менуван повеќе од 9 пати, Караџоски рече: „За распоредот на судии во Врховниот суд, прашајте го Вангеловски“.

В.М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико