Правдико

   

Членовите на судскиот совет и судиите ќе добијат повисоки плати за 21 илјада денари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Членовите на Судскиот совет вчера донеле одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, објави Синдикатот на УПОЗ. Тврдат дека одлуката има ретроактивно дејство што значи исплата на надоместоци на платата за приближно 21.000 денари за месеците септември и октомври 2018 година. На веб-страницата на Судскиот совет во делот за Судскиот биџетски совет, нема никаква информација за оваа одлука.

„Синдикатот на УПОЗ и ЗСА сметаат дека оваа одлука е донесена ретроактивно, истата не е законска и е на границата на безобразност и дрскост. Ваквата одлука посебно ја иритира Судската служба бидејќи за неа на Судскиот буџетски совет не се направени никакви обиди ниту напори да биде најден начин за исплата на било каков додаток или друг вид паричен надоместок, дури не се нашло нити можност да се исплати износот предвиден со решенијата за успешност за месец март 2017 година донесени на ден 04.04.2017 година“, пишува во реакцијата.

Постапката за измени на законот на Судска служба во делот на додатоци на плата е во тек. Измените се наоѓаат пред Министерството за финансии заради утврдување на фискалните апликации, а процедурата за донесување на овој закон се очекува да биде завршена во најкратки можни законски рокови.

Следната недела закажана е средба на преставници од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА со премиерот Зоран Заев за проблемите на вработените во судската служба. „Доколку барањата од 03.12.2018 година на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА не бидат исполнети, Синдикатот на УПОЗ на денешната седница на Претседателството ќе донесе одлука за датумот на штрајкот во судовите, кој што штрајк ќе биде најригорозен од сите досега одржани штрајкови“, пишува во реакцијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико