Членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови ќе добијат годишни извештаи во зелен плик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат, еднаш годишно доставуваат извештај (зелен плик) за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје се во процес на достава на годишните извештаи до своите членови. Овие извештаи со состојба 31.12.2014 година, ќе бидат доставени најдоцна до 31.03.2015 година.
Сите членови кои го немаат добиено зелениот плик и имаат промена во своите лични податоци потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва За ажурирање или корегирање на своите податоци. членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат.
Седишгата и веб страниците на двете пензиски друштва се:
Членовите кои имаат дополнителни прашања може да се обратат до МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на телефонскиот контакт 02/3224-229 или да ја посетат веб страницата www.mapas.mk.
–ПРАВДИКО–