Членството на Црна Гора во НАТО – тест за САД и Русија | Правдико

Правдико

   

Членството на Црна Гора во НАТО – тест за САД и Русија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Мајкл Фин, ќе му препорача на Доналд Трамп да го поддржи влегувањето на Црна Гора во НАТО, и покрај силното противење на Русија, објавува порталот Politico.

Овој потег се очекува да биде најголемиот тест за политиката на новата американска администрација кон Москва, која пак го смета како провокација секое понатамошно ширење на Алијансата на исток.

„Останатите НАТО членки и Сенатот на САД го поддржуваат членството во НАТО на државата со население од 650 илјади, која некогаш беше дел од Југославија“, пишува Politico.

Како што се наведува, црногорските лидери го обвиниле рускиот претседател Владимир Путин за предизвикување на нестабилност во Црна Гора. Politico цитира неименуван висок претставник на американската администрација, кој очекува дека Фин „на Трамп да му препорача прием на Црна Гора во НАТО во следните денови.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико