Човек осомничен за ширење лажни вести во Хрватска, му се заканува 30 дена затвор | Правдико

Правдико

   

Човек осомничен за ширење лажни вести во Хрватска, му се заканува 30 дена затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватската полиција поднесе пријава против еден 34-годишен маж, кој измислил приказна дека бил нападнат од мигранти, што претставува прва тужба во Хрватска за ширење лажни вести.

Мажот снимил видео на кое исценирал дека бил нападнат од мигранти во местото Оточац, по што видео снимката ѝ ја предал на една новинарка, раскажувајќи ѝ ја приказната за измислениот напад. Снимката била објавена на една локална телевизија, по што реагирала полицијата по службена должност, при што открила дека мажот воопшто не бил нападнат, поради што против него покрена прекршочна пријава за ширење лажни вести. Согласно хрватскиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, за ширење лажни вести е предвидена парична казна или казна затвор во траење до 30 дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико