Човекови права и права на заедниците | Правдико

Правдико

   

Човекови права и права на заедниците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Меѓународното право ги обврзува државите да ги „почитуваат“ индивидулните права на малцинствата за ефективно учество во јавниот живот, вклучувајќи ги и прашањата поврзани со идентитетот на малцинствата на национално и локално ниво во процесот на донесување на одлуките. Рамковната Конвенција за заштита на националните малцинства при Советот на Европа бара државите да „создадат“ неопходни услови за ваквото учество (член. 15).

Меѓународната Конвенција за борба против етничка и расна дискриминација бара „ еднаквиот пристап кон јавните услуги” да не се негира или одбива на расна или етничка основа (член. 5 ц). Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (МПГПП) го пропишува правото секој граѓанин без дискриминација да може да биде биран на избори, притоа почитувајќи го слободното изразување на волјата на избирачите (член.25). Различните устави обезбедуваат бројни, понекогаш, иновативни мерки за да се создадат канали за учество на малцинските групи, но честопати малцинствата мора да се жалат до судовите со цел да се здобијат или да ги одбранат своите основни права.

Целото издание на прирачникот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико