Човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ тема на состанокот на Меѓуресорското тело
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Министерството за надворешни работи се одржа состанок на Меѓуресорското тело за човекови права, со кое претседава министерот Никола Димитров, а на кој централна тема беа прашања поврзани со тековните и претстојните извештајни обврски согласно меѓународните инструменти за почитување и остварување на човековите права.
„Посебно внимание беше посветено на актуелните обврски за државата во областа на човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ. Во таа смисла, беше констатирана неопходноста од усогласеност помеѓу имплементацијата на препораките во договорните тела и Планот за имплементација на Целите за одржлив развој. На состанокот стана збор и за понатамошната работа на Меѓуресорското тело, со цел дефинирање на модалитети за вклучување на претставници од граѓанскиот сектор, активни во сферата на заштита и промоција на човекови права“, информираат од надлежното министерство.
Воедно МНР е во подготовка на интернет страница за Телото, каде што, покрај другото, ќе бидат достапни и националните извештаи на земјата по договорни тела.
Извор: Макфакс