Чудовиштето од Хрватска: Паравиња 40 години затвор за убиството на Антонија Билиќ | Правдико

Правдико

   

Чудовиштето од Хрватска: Паравиња 40 години затвор за убиството на Антонија Билиќ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Драган Паравиња е осуден на казна затвор од 40 години за обид за силување и убиство на Антонија Билиќ (17), како и уште еден обид за силување.

d0aff1e01ed00afa2948ea6a7cc5c03e

Казната беше изречена од сплитскиот окружен суд. Паравиња е осуден во 2012 за обид за силување на Антонија Билиќ на четири години и шест месеци, а во 2015 година на две години и десет месеци за обид за силување на уште една девојка.

“Обвинетиот Драган Паравиња се осудува на единствена долгорочна казна затвор од 40 години. Тоа го вклучува времето поминато во притвор и истражен затвор”, изјави судијата.

Обвинетиот ќе мора да ги плати трошоците на постапката во износ од 233.576 куни, а ќе му биде продолжени истражниот затвор.

Кон крајот на октомври 2015 година Врховниот суд во во образложението наведе дека нема никакво сомневање дека Паравиња ја убил Антонија Билиќ, но не е докажано дека на убиството претходеше и обид за силување. Така не е докажана квалификација за тешко убиство, со цел да се прикрие силување.

Снимките од безбедносните камери беа главните докази против Драган Паравиња, а со нивна помош се реконструирани неговите движења на денот на кривичното дело, како и траги од крв и плунка на жртвата која полицијата ја пронајде во неговиот камион.

Препорачуваме

Партнери на Правдико