Чулев: Дисциплински постапки ќе бидат поведени за полицајците што дозволиле во Чаир луѓе да си пазаруваат во продавница | Правдико

Правдико

   

Чулев: Дисциплински постапки ќе бидат поведени за полицајците што дозволиле во Чаир луѓе да си пазаруваат во продавница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По тридневниот карантин во Скопје, Министерството за внатрешни работи ќе поведе дисциплински постапки за полицајците што не ги казниле лицата во Чаир што пазарувале во продавница. Неколку медиуми вчера јавија дека и покрај карантинот и забраната за движење, во Чаир работат продавници, а граѓаните влегуваат и си пазаруваат како во деновите без ограничување иако полициска патрола стоела на само неколку чекори од продавницата.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ќе преземат мерки за полицајците оти само тоа е нивна надлежност.

„За полициските службеници, кои не постапиле во однос на лицата, ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе се утврди нивна евентуална одговорност“, најави министерот Чулев.

Тој не кажа за колку полицајци ќе поведе дисциплинска постапка.

Нагласи дека локалните продавници добиваат дозволи за работа за време на полициски час од локалните кризни штабови, но дозволите не значат дека во дуќаните е дозволена продажба, туку дека дозволено им е да работат само со достава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико