Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек | Правдико

Правдико

   

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на литијата во Струга и ги прекршиле мерките од Владата, а доставени се и кривични пријави, односно поднесоци до Обвинителството. Тој рече дека има затајување на превентивната функција на полицијата, а за тоа се води постапка во Одделот за внатрешна контрола при МВР, која не е завршена.

„Во врска со литијата во Струга, СВР Охрид работи на идентификација на лицата и се поднесуваат соодветни кривични пријави, односно поднесоци во ОЈО. Тоа е постапка што тече. Мислам дека е комплетирана. За пропустите на полицијата постапува Одделот за внатрешна контрола и до денес до мене не е доставен извештај за комплетирана постапка. Штом биде комплетирана, а се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга, во СВР Охрид, со дежурните инспектори на терен и со униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана целата постапка, ќе ја информирам јавноста, со оглед дека тука има затајување на превентивната функција на Министерството за внатрешни работи“, рече Чулев.

Предмет за литијата во Струга, која се одржа пред 20 дена, каде што стотици граѓани, без соодветна заштита и соодветна дистанца, се движеа низ струшките улици, има отворено и Обвинителството.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико