Чулев прифати најстрога дисциплинска мерка за својот советник, кој нападна началник | Правдико

Правдико

   

Чулев прифати најстрога дисциплинска мерка за својот советник, кој нападна началник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Зоран Ѓорѓиевски, советникот во кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, по вчерашната кривична пријава и суспензија од работното место, денеска заработи и најстрога дисциплинска мерка поради тоа што на денот на изборите го нападна началникот на Единицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово, Зоран Талев.

„Денеска, од страна на дисциплинска комисија до министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка. Предлогот е прифатен од страна на Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка“, информираат од МВР.

Од таму нагласуваат и дека во текот на изминатиот период во неколку наврати министерот потенцирал дека законите се спроведуваат неселективно, без разлика на партиската, верската и националната припадност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико