Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство.
Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека бројот на поплаките е зголемен 44,6 проценти во однос на истиот период лани, а за еден месец, МВР има поднесено и пријави за 85 кривични дела поврзани со семејно насилство.
„Од 12 април до 12 мај Секторот за аналитика во рамките на МВР има статистика според која во овој период МВР има поднесено пријави за 85 кривични дела во врска со семејно насилство, а најмногу се од СВР Охрид, СВР Скопје и од СВР Струмица. Во врска со семејно насилство поднесени се 49 прекршоци против 54 сторители. Има констатирано 373 поплаки од граѓаните за семејно насилство, што е зголемување од 44,6 отсто во однос на истиот период лани“, рече Чулев.
Тој ги повика граѓаните жртви на семејно насилство тоа да го пријавуваат со цел ургентно постапување на полициските службеници.
Извор: Макфакс