Чувал рачна бомба во викендица – поведена истрага против едно лице | Правдико

Правдико

   

Чувал рачна бомба во викендица – поведена истрага против едно лице

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендица.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Препорачуваме

Партнери на Правдико