CISAC, GESAC и IFPI со писмо до Европската комисија за штетните измени во Законот за авторското право и сродните права | Правдико

Правдико

   

CISAC, GESAC и IFPI со писмо до Европската комисија за штетните измени во Законот за авторското право и сродните права

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

European_Commission.svgКако резултат на здруженото писмо на CISAC/GESAC/IFPI од 26 Октомври 2015 год. испратено до Комисијата, како и дискусијата на средбата одржана на 17 Ноември 2015год., со ова писмо се посочуваат понатамошните детали во врска со инкомпатибилноста на новите одредби на Законот за авторски права на Македонија со ЕУ легислативата, особено одредбите поврзани со ограничувањето на надоместокот за радиодифузно емитување и исклучувањето на одредени корисници од плаќањето за експлоатирање на правата за јавно емитување.

Во писмото кое е испратено до Стефано Дото претставник од Европската Комисија, се даваат остри критики за штетни измени во Законот за авторско право и сродните права. Исто така се потенцира дека ниту една земја од Европската унија нема направено вакви законски измени и се бара од Европската Комисија да ја потсети Република Македонија дека како земја аспирант кон ЕУ треба да ја почитува авторската заштита која претставува еден од столбовите на политиката на Унијата за стимулирање и наградување на креативноста и културната разноликост.

Целиот текст на писмото можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико