CISAC со остри реакции за најновите измени во Законот за авторско право и сродните права
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.CISAC e Меѓународна Конфедерација на друштва на автори и композитори, со седиште во Париз. Како водечка светска организација на авторски друштва (исто така познати како Организации за колективно управување или СМО) CISAC обединува 230 друштва од 120 земји во светот. Преку овие организации, CISAC е претставник на околу 4 милиони творци од сите области на уметноста, вклучувајќи музика, драма, литература, аудио- визуелни, графички и визуелни уметности.
ЗАМП е единственото друштво од Македонија, членка на CISAK. Покрај тоа што врши колективно управување на локалниот репертоар, на ЗАМП му е доверена и заштитата и управувањето со меѓународниот репертоар преку голем број на билатерални договори кои се потпишани со сродни авторски друштва од целиот свет (како на пример Франција, Велика Британија, Германија, САД, Русија, Јапонија, Италија, Србија, Хрватска итн). Според тоа, ЗАМП зазема клучна улога во заштитата на правата во Македонија како за домашните, така и за странските автори. – стои во писмото.
Во острите реакции кои се однесуваат за најновите измени на Законот за авторското право и сродните права стои:
,, Имаме сознанија дека Македонската Влада – уште еднаш – предложи измени и дополнувања на Законот за авторско право (“Законот”), кои се веќе усвоени од страна на Парламентот по скратена постапка. Ви се обраќаме со цел да ја изразиме нашата загриженост во врска со овие измени , кои не се во согласност со меѓународниот Закон и пракса. Измените, доколку итно не бидат укинати, може да ја доведат Македонија во ситуација на прекршување на своите обврски во врска со меѓународните спог0дби за авторски права. Секако ќе доведат до тоа Македонија да биде неусогласена со најдобрите меѓународни практики во областа на колективното управување. Уште повеќе, Законот ќе ја поткопа позицијата на авторите во Македонија, а со тоа сериозно ќе ја загрози нивната способност да продолжат да егзистираат од нивното творештво, како и поттикот за создавање нови дела.“
Акцент се става и на донесувањето на ваквите измени без консултација со ЗАМП и други организации носители на права, со што се фрли сенка врз кредибилитетот на целиот процес. Според ова се бара итна интервенција и исправка на ова грубо кршење на меѓународното право.
Целиот текст на писмото можете да го превземете ТУКА
Слична реакција дојде и од колективните организации од Словенија –САЗАС. Хрватска-ХДС-ЗАМП, СОКОЈ-Србија, АМУС-Босна и Херцеговина и ПАМ ЦГ-Црна Гора, а во врска со веќе усвоените измени и дополнувања на Законот за авторско право и сродните права кои по скратена постапка беа усвоени од страна на Собранието на РМ н објавени во Сл.весник на РМ бр.154/ 15.
Како Заклучок од одржаната 12-та регионална средба во Љубљана од 29.09.2015 година, колективните организации од регионот изразуваат најостра реакција по однос на донесените измени на Законот за авторските права и сродните права кои не се во согласност со меѓународниот закон и пракса.
Во Заклучокот стои:
,,Со донесените законски измени на членот 137 од Законот за авторско право и сродните права и со додавањето на новите точки 4. 5. 6 и 12. со кои се определува висината на надоместокот за користење авторски музички дела од страна на радио-телевизиските организации како и пропишувањето на нормативна основа за ослбодување од плаќање надомест во случај кога користењето се врши од страна на занаетчии и други субјекти, бесрамно се деградира приватната ексклузивна природа на авторските права и преку наметната законска регулатива се спречуваат авторите самите да ги одредуваат економските услови за користењето на нивните дела.”
,, Овие законски измени се косат со ратификуваните меѓународни прописи од областа на авторските права – Бернската конвенција, член 11 бис на WIPO, чл. 3 од Директивата на ЕУ за информатичко општество како и со клучните меѓународни принципи во полето на авторската заштита , од причина што авторското право како вид на интелектуална сопственост по својата природа влегува во категоријата на приватно право. Авторот,односно носителот на правото, има исклучиви морални и материјални права, и истиот има ексклузивно право како сопственик на правото да одлучува за користењето на своето дело односно условите за користењето на своето дело. Авторот е оној кој одлучува дали ќе дозволи или ќе забрани користење на неговото дело и ќе склучи договор за користењето на делото со кој ќе го определи авторскиот надоместок за користењето. Имено. авторот има загарантирано право на правичен надоместок за секое користење на неговото авторско дело.“ стои во заклучокот.
Целиот текст на Заклучокот можете да го превземете ТУКА
–ПРАВДИКО–