Да им биде продолжен притворот на осомничените за несреќата кај Ласкарци, бара скопското Обвинителство | Правдико

Правдико

   

Да им биде продолжен притворот на осомничените за несреќата кај Ласкарци, бара скопското Обвинителство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското јавно Обвинителство што ја води истрагата за несреќата кај Ласкарци побарало од судот да им бидат продолжени притворот и куќниот притвор на осомничените, дознава „Макфакс“. Пред 30-ина дена притвор им беше определен на шоферот на автобусот со кој што патуваа оштетените патници и на сопственикот на превозникот „Дурмо турс“.

Станува збор за предлози со кои се бара да им биде продолжен притворот на тројцата осомничени и куќниот притвор на уште тројца осомничени. За седмиот осомничен беа побарани и определни мерки за претпазливост. За предлозите на Обвинителството треба да одлучи Кривичниот суд. Според сознанијата на „Макфакс“, во скопското Обвинителство и натаму се сослушуваат сведоци во истрагата.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари годинава кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во бездна кога ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 16 лица, а 39 беа повредени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико