Да навиваме спортски: Нула толеранција за говор на омраза и насилство | Правдико

Правдико

   

Да навиваме спортски: Нула толеранција за говор на омраза и насилство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони и Лига Европа кои ќе се одиграат денеска (10.07.) и утре (11.07.) на стадионот „Петар Милошевски“ и на стадионот “Телеком арена“ во Градскиот парк во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир.

Апелираме до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите помеѓу екипите на ФК Шкендија (Македонија) и ТНС (Велс), како и помеѓу екипите на ФК Работнички (Македонија) и ФК Хонвед (Унгарија), да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела. Министерството за внатрешни работи нема да покаже никаква толеранција кон насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани, особено навивачките групи на фер и спортско навивање, притоа проследувајќи ги спортските натпревари почитувајќи ги законските регулативи и правата на сите граѓани кои ќе дојдат да ги проследат натпреварите во живо.

Препорачуваме

Партнери на Правдико