Да се мисли на незамисливото | Правдико

Правдико

   

Да се мисли на незамисливото

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Опасноста од војна во Европа во изминатите 50 години не била никогаш толку голема како сега. Од времето на Студената војна на Европа и’ недостасува една безбедносно-политичка доктрина, коментира Кристијан Ф. Трипе.

0,,18125708_303,00

Од падот на Берлинскиот ѕид речси беше исклучена можноста од избувнување војна меѓу две земји во Европа. Но сега Русија ги принудува своите сојузници во ЕУ и во НАТО да размислуваат за незамисливото. Не се ретки сценаријата за тоа како регионалните, во споредба со „малиот“ конфликт во источна Украина би можеле да се развијат во една вистинска светска криза: Русија би морала врз основа на безнадежната хуманитарна ситуација во Доњецк да конструира причина за отворена интервенција. САД би можеле во голем стил да испорачаат оружје во Украина- или дури директно да се вмешат во борбата со воздушни напади врз бунтовничките позиции.

Во дел обезглавената дискусија за тоа како може делотворно да и се помогне на Украина укажува во каква беспомошна ситуација се наоѓа НАТО. Моментално не постои никаква безбедносно-политичка доктрина ни стратегија врз чија основа би можело да се реагира на тие нови закани од исток. Со вџашеност западните безбедносни стручњаци ги регистрираат тие воени игри на надмоќ кои Кремљ ги прикажува во светлина на украинската криза.

Опасни маневри

Речси и не поминува ден, а да не бидат запрени руски борбени авиони над Балтичкото море во близина на воздушниот простор на трите балтички држави. Некои од тие маневри се исклучително опасни. Бидејќи руските воени машини ги исклучуваат своите транспондери и со тоа- за цивилното воздухопловство- стануваат невидливи.

Списокот на сериозни недоразбирања на подрачјето на Балтичкото море е се’ подолг. Така одненадеш пред литванскиот брег се појавува флота руски воени бродови, а потоа залутува неидентификувано подводно возило во шведските води. Шведска сега сака повторно засилено да ги повика резервисте на воени вежби.

Како во најлошите времиња за време на Студената војна

Трите балтички држави во изминатите месеци нарачаа оружје во вредност од над една милијарда евра, пред се’ противтенковски системи. Дури на почетокот на летото руската војска во близината на границата кон Балтикот одржа голем воени маневари. Тоа се’ беше проследено со громогласна руска реторика против Летонија, Литванија и Естонија. Сите три земји се во НАТО. А и членката на НАТО, Романија која е во борба за влијание во (во романското говорно подрачје) Република Молдавија веќе мораше да слушне закани од Москва. Романија во меѓувреме важи за трето буре барут, покрај Украина и Балтикот.

Разговорите меѓу НАТО и Русија секогаш стоеја на стаклени нозе, а никогаш не ни можеа да се зацврстат. Но, сега дури и тие такви разговори се паднати на колена. Едната страна веќе не знае што планира другата. Како во најлошите времиња за време на Студената војна тоа се повторно проценките на тајните служби и анализи на војската со кои ја обликуваат својата слика за другата страна и за нејзините воено-политички намери.

Европа- небезбеден континет

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер неодамна се пожали: „Ние само зборуваме едни за други, а не едни со други.“ Новата ситуација во која се остана без зборови е посебно тешка затоа што во Европа во изминатите години пропадна системот за конвенционална контрола на вооружување. Изворно НАТО и Русија во рамките на т.н. ЦФЕ спогодба договорија горни граници за конвенционално вооружување, освен тоа договорени се и меѓусебни контроли и одржување редовни разговори. Но, ЦФЕ договорот е правно суспендиран и политички мртов.

На почетокот на Новата година Европа е еден небезбеден континет. На Европа сега и’ се неопходно потребни две работи: нова безбедносно-политичка доктрина и политика на создавање доверба.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико