Дачиќ: ОН го одбија приемот на Косово во УНЕСКО | Правдико

Правдико

   

Дачиќ: ОН го одбија приемот на Косово во УНЕСКО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за весникот „Блиц“ изјави дека ОН вчера „не го прифатиле барањето на Косово за членство во УНЕСКО“.

dacic

Тој истакна дека Организаицјата на ОН за образование, наика и култура (УНЕСКО) нема да добие предлог од централата на Светската организација да се расправа околу барањето на Косово, но предупреди дека тоа е само прв чекор.

Весникот пишува дека дипломатската борба дефинитивно не е завршена, бидејќи може да се случи некоја трета земја во име на Косово да го достави ова барање пред Извршниот совет на УНЕСКО.

Барањето на Приштина не е согласно мандатот на УНМИК, кој се придржува кон Резолуцијата 1244 на ОН, се наведува во образложението на Светската организација во врска со предлогот Косово да биде примено во членството на УНЕСКО.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико