Дадајев се предомисли, почна да го негира убиството на Немцов | Правдико

Правдико

   

Дадајев се предомисли, почна да го негира убиството на Немцов

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

После признанието за ликвидацијата на рускиот опозиционен лидер, поранешниот полицаец од Чеченија Заур Дадајев, вчера во затворот го промени својот исказ. Активистот Андреј Бабушкин се сомнева дека признанието е изнудено со тортура.

dadajev

Првоосомничениот за убиството на Борис Немцов, поранешен полицаец од Чеченија Заур Дадајев, започна да го негира своето признание дека го ликвидирал рускиот опозициски лидер.

Во московскиот истражен затвор, Дадајев и неговите соучесници беа посетени од членови на комисија која се занимава со заштита на човековите права во затворите. Имено Дадајев, Анзор и Шагид се пожалија  дека при апсењето биле тепани и малтретирани.

Заур Дадајев сега тврди дека уште од првиот момент кога е уапсен, изјавувал дека не го убил Немцов.

– Ми рекоа дека ако признаам дека сум го убил Немцов, ќе го ослободат мојот пријател со кого се возев во автомобилот. Затоа се согласив на признание. Помислив дека со тоа ќе можам да го спасам него, а мене ќе ме однесат во Москва жив.

Андреј Бабушкин, активист во организација за заштита на човековите права, се сомнева дека Дадајев дал признание под тортура, и дека забележал тешки повреди на неговото тело.

Извор: pressonline.rs

Препорачуваме

Партнери на Правдико