Дали се подготвува терен за губење на препораката од ЕУ?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Се подготвува терен за Македонија да ја изгуби препораката за старт на преговорите за членство во Европската унија а еврокомесарот за проширување не може да нареди отстранување на популарно наречената грчка блокада поради спорот со името. Вака накратко може да се резимираат ставовите на упатените, по интервјуто на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за државната новинска агенција.
Европската унија нема никаков интерес да продолжи со давање препораки за почеток на преговорите за Македонија во очекување на Грција во еден момент да го тргне ветото во Советот на ЕУ, вели Попоски за МИА.
Новиот еврокомесар Јоханес хан со сигурност ќе се обиде да го поттикне интересот кај Грција за отстранување на формалната блокада, додава министерот.
Министерот Попоски смета дека за нас е битно тоа што поаѓајки од принципот на солидарност секогаш ќе има определен број земји членки кои ќе се постават на страна на тоа дека не треба Грција да се остави сама да биде таа која не блокира.
Секако се забележува една ваква клима, но не може да се очекува еврокомесарот Хан директно да и забележува на Грција, смета аналитичарот Алберт Муслиу.
Инаку, претходникот на Хан, еврокомесарот Штефан Филе, при промоцијата на последниот извештај за напредокот на земјава, забележа дека евроинтеграциите на Македонија се во теснец, презентриајки забелешки за слободата на изразување, судството и државната администрација.
Извор: 24Вести