Дали Ви е повредено правото на заштита на личните податоци | Правдико

Правдико

   

Дали Ви е повредено правото на заштита на личните податоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

otisok-od-prstБарање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци

Доколку сметате дека е повредено Вашето право на заштита на личните податоци, можете да поднесете Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци. Дирекцијата за заштита на лични податоци може да Ве контактира заради понатамошно постапување по истото.

Како да поднесам иницијатива за вршење на инспекциски надзор во Дирекцијата за заштита на личните податоци?

Поведувањето на постапка за инспекциски надзор пред Дирекцијата за заштита на личните податоци е едноставно и бесплатно. Се што треба да направите е да го опишете Вашиот проблем во образецот Иницијатива за вршење на инспекциски надзор.

– Во образецот најпрво наведете го називот, односно името и презимето на контролорот кој што Ви ги злоупотребил личните податоци или имате сознанија дека постапил спротивно на Законот за заштита на личните податоци.

-Потоа, накратко опишете во што се состои повредата и наведете што досега имате направено и дали сте добиле одговор од контролорот за конкретниот случај.

– Во прилог доставете копии од преписките помеѓу Вас и контролорот, како и други докази доколку ги имате. Доколку образецот планирате да го доставите електронски, доказите претходно скенирајте ги и во прилог (attachment) прикачете ги.

Начин на достава на Иницијативата

  1. Пополнетиот образец може да го доставите електронски на овој e-mailcontact@dzlp.mk.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Како да ги заштитите вашите лични податоци

– Прирачник за заштита на личните податоци во секторот: Осигурување

– Прирачник за заштита на личните податоци  во секторот банкарство

– Прирачник за заштита на личните податоци при  вршење видео надзор 

– Прирачник за начинот на користење на личните  податоци за цели на вршење на  директен маркетинг

– Ризици од употребата на лични податоци од  страна на разузнавачките служби

Препорачуваме

Партнери на Правдико