Дамовски и Илиевски излегуваат од затворот во Шуто Оризари, Чавков останува во притвор | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Дамовски и Илиевски излегуваат од затворот во Шуто Оризари, Чавков останува во притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски (Бетмен Велит) и Борис Дамовски ќе излезат од притворот во затворот во Шуто Оризари, потврдија од Апелацискиот суд во Скопје. На шестмина обвинети за настаните во Собранието од 27 април минатата година  судот им ги прифатил жалбите, а мерката притвор им е заменета со куќен притвор и одземање на пасошите. Останатите тројца на кои судот ги прифатил жалбите и од затворски заминуваат во куќен притвор се Јане Ченто, Оливер Радулов и Иван Цветановски.

За поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, останува мерката притвор бидејќи судот му го одбил барањето. Пратеникот Јохан Тарчуловски останува во куќен притвор. Апелација не ги прифатила жалбите на уште четворица осомничени Горанче Ангеловски, Сашо Марковски, Илија Славевски и Вилијам Михајловски. Одбиена е и жалбата на пратеникот Јохан Тарчуловски, кој останува во куќен притвор.

Обвинетите за упадот во Собранието се во притвор речиси четири месеци. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието. Четворицата од обвинетите сè уште не се достапни за полицијата.

Денеска Апелација ги разгледува жалбите на пратеникот Сашо Василевски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски и Митко Пешов.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико