Дамовски останува во притвор | Правдико

Правдико

   

Дамовски останува во притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Режисерот и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, останува во притвор, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Осомничениот за крвавиот четврток во Собранието преку неговиот адвокат побара од апелационите судии да му биде укиинат притворот што го издржува во затворот во Шуто Оризари.

Нему првично му беше определен куќен притвор, но откако Обвинителството вложи жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и определи притвор, мерка што беше продолжена.

Досега скопска Апелација на јавни и нејавни седници ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.

В.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико