Данило Тирк: Кандидат од Словенија за прв човек на ОН | Правдико

Правдико

   

Данило Тирк: Кандидат од Словенија за прв човек на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Амбасадорот на Словенија во Обединетите Нации, Андреј Логар, официјално ја поднесе кандидатурата на Данило Тирк за нов генерален секретар на Обединетите Нации.

Tirk

Тирк е професор по меѓународно право и поранешен словенечки претставник во ОН, а од 2007 до 2012 година тој беше претседател на Словенија.

Данило Турк е еден од повеќето кандидати од земјите од Источна Европа, кои се ги истакнаа своите кандидати за позицијата на сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој на крајот од годината заминува од позиција бидејќи му истекува неговиот мандат.

Тирк ужива силна поддршка од коалициската влада на премиерот Миро Церар и претседателот Борут Пахор, кој Тирк го наследи како шеф на државата.

Големи резерви од околу Тирковата кандидатура, сепак, во неколку наврати јавно изрази опозицијата Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша, во кое се наведува дека Тирковиот претседателски мандат во Словенија е обележан со нагласена политичка пристрасност во корист на левицата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико