Даночни олеснувања за филмските продуценти – Предлог измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за персоналниот данок на доход е воведен персоналниот данок на доход и е уредeн начинот на оданочување на доходот на граѓаните. Персонален данок на доход се плаќа на приходите на физичките лица остварени во земјата и странство, во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид, освен приходите кои се изземени од оданочување со овој закон. Во членот 6 од Законот за персоналниот данок на доход се уредува ослободувањето од обврската за плаќање на персоналниот данок на доход по различни основи.
Во таа насока, со Предлог измените на Законот за персоналниот данок на доход, се врши дополнување на оваа законска одредба со цел поттикнување и воспоставување на подобри услови за привлекување на инвеститори во филмската дејност и со тоа развивање на филмската индустрија. Така, се воведува одредба со која филмските продуценти се ослободуваат од обврската за плаќање на персоналниот данок на доход за направените трошоци за хотелско сместување, храна и превоз за лицата кои учествуваат во производство на филм, а истите не се вработени кај филмски продуцент.
Истото произлегува поради фактот дека продуценските куќи во досегашното работење имаа обврска да пресметуваат и плаќаат персонален данок на доход за лицата кои не се во редовен работен однос за исплатите по основ на хотелско сметување, превоз и храна. Со Предлогот на Законот, се вршат и измени на законот во насока на продолжување на рокот за доставување на збирниот податок за сите направени исплати во текот на претходната година, за кои исплатувачот на аконтација на персоналниот данок на доход е должен да ги достави до даночниот обврзник.
На овој начин на правните субјекти – исплатувачи на приход им се овозможува подолг временски период за исполнување на наведената законска обврска односно наместо пресметката да ја доставуваат најдоцна до 15 јануари наредната година, како што гласи постојното законско решение, истата да можат да ја доставуваат најдоцна до 25 јануари наредната година.
Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА