Данската полиција уапси десетици граѓани за возење електричен тротинет под дејство на алкохол
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во Копенхаген уапси десетици граѓани во текот на викендот за возење електрични скутери под дејство на алкохол или психотропни супстанци.
Полицијата на Твитер објави дека извршила 24 апсења за возење под дејство на алкохол и уште четири апсења за возење под влијание на дрога.
Оваа акција доаѓа во услови на остри мерки во неколку земји во Европа против електричните скутери.
Во Данска, Советот за безбедност во сообраќајот изготви правилник според кој корисниците на скутери се советуваат нивните уреди да ги гледаат како велосипеди и да ги возат на велосипедски ленти.
Други правила вклучуваат граница на алкохол во крвта од 0,5 g / kg, што е иста како границата за другите возила.
Скутеристите, кои ќе имаат над законскиот лимит, може да се соочат со парична казна од 2.000 круни (268 евра) за прв прекршок.
Повторниот прекршок носи парична казна од 4.000 круни (536 евра), а третиот престапниците се соочуваат и со затворска казна.
Забрането е возење под дејство на дроги.
Шпанија ја евидентираше првата смрт од е-скутер, откако една постара жена беше прегазена во Барселона во август 2018 година.
Ова предизвика дебати во Европа околу овие превозни средства, при што голем број земји воведоа специфични закони и правила за патиштата.
Извор: Макфакс