Датабаза за пресуди од ЕСЧП за унaпрeдувaње на судскатa пракса во Македонија | Правдико

Правдико

   

Датабаза за пресуди од ЕСЧП за унaпрeдувaње на судскатa пракса во Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пребарување пресуди и помал број одлуки против државите од регионот, како и унапредување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во домашните судови ширум Југоисточна Европа е целта на регионалната датабаза за која денеска беше промовирана во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Screenshot_3

Проектот е изработен од АИРЕ Центарот во Лондон кој е дел од Проектот за владеење на правото во Западен Балкан во заедничка соработка со владиниот агент на Македонија пред Европскиот суд поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и од Британската амбасада во Македонија.

– Сите напори кои Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители ги прават на планот на доближување на праксата на ЕСЧП до правните практичари судии обвинители и адвокати е денешната промоција на новата регионална датабаза судската пракса. Датабазата на ЕСЧП содржи пресуди, резимеа, прирачници и водичи, но првпат на јазиците од регинот: македонски, босански, српски, црногорски, албански и хрватски, истакна директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.

За министерот за правда на Република Македонија Аднан Јашари вредноста на датабазата која е изградена за предмети против државите од регионот е од големо значење за именување на праксата на ЕСЧП.

– Датабазата претставува инструмент од непроценливо значење кој очекувам да биде често употребувана алатка за сите правни професионалци во државата. Посакувам оваа алатка да стане неизбежен дел од секојдневната работа на судиите, истакна Јашари.

Според министерот, имплементирањето на датабазата ја покажува определбата на Македонија за, како што кажа, доближување и почитување на вредностите на Европската Унија како наши сопствени, домашни национални вредности.

Програмскиот менаџер на Програмата за владеење на правото во Западен Балкан, АИРЕ Центар Лондон Билјана Брејтвејт појасни дека датабазата на Европскиот суд за човекови права е развиена во последните 18 месеци во соработка со институциите од регионот.

– Таа е замислена да биде пристапна и едноставна, пристапот ќе биде бесплатен, отворен за сите, наменет пред се за судиите и обвинителите, но имаме желба да ја користат и адвокатите, невладиниот сектор, универзитетите, но и за граѓаните кои многу често самите себеси се претставуваат пред Европскиот суд. Датабазата ќе се развива и понатаму, а ќе ја продолжиме и соработката со Академијата, бидејќи во оваа фаза е исклучително важно датабазата практично да влезе во судовите во Македонија, нагласи Брејтвејт.

Датабазата на ЕСЧП претставува портал кој на едно единствено место обезбедува пристап до јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, кратки прикази на предметите и стручни коментари релевантни за државите од регионот на Југоисточна Европа на нивните јазици. Датабазата содржи опции за напредно пребарување, но истовремено едноставна и лесна за користење. Постојат два главни метода на пребарување: пребарување по член од конвенцијата и општо пребарување

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Препорачуваме

Партнери на Правдико