Давањето лажен исказ како кривично дело | Правдико

Правдико

   

Давањето лажен исказ како кривично дело

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Sudnica_1Регулирањето на одговорноста од давање лажен исказ, е од особена важност во правосудсниот систем, како еден вид заштита  и интерес за донесување правилна одлука и правилно утврдување на фактичката состојба во судските предмети. Ова кривично дело ги опфаќа исказите во форма определена со прописите кои се предвидени за таа постапка, и истите мора да се однесуваат на она што се тврди, докажува или негира.

Она што е многу важно е тоа дека исказот мора да биде даден во постапка пред суд,  осносно во управна или прекршочна постапка. Давањето на лажен исказ пред орган кој не е надлежен за постапката, како и за факти кои не се предмет на докажување, не претставува казнено дело. Оттука исказот треба да има влијание во утврдување на фактичката состојба, а со тоа и во донесувањето на одлуката во конкретниот предмет.

За давање лажен исказ кривично одговараат:

– Сведок;
– Вештак;
– преведувач или толкувач;
– јавен обвинител;
– нотар, извршител, орган на управа или
– друг орган кој донесува одлуки во со закон уредена постапка.

За ова кривично дело е предвидена парична казна или  затвор до три години. Со иста  казна  ќе се казни вештак кој ќе даде лажен наод и мислење во случаи определени со закон или по барање на заинтересирано лице -нарачател.

5B6AC8A36D7FB14CB47C51562CE0EDE9За настанување на кривичното дело мора најпрво да постои умисла на оној кој го дава исказот, односно да е свесен и да знае дека дава лажен исказ. Самото свесно премолчување на определени факти исто така претставува лажен исказ.

Од кривична одговорност не е ослободена ни самата странка во постапката при изведувањето на доказот сослушување на странки  во парнична или во управна постапка , но под услов одлуката која е донесена во таа постапка да е заснована на дадениот лажен исказ.  Во овој случај странката одговара со парична казна или затвор до три години.

Како отежителна околност за која се предвидени потешки казни се случаите кога лажниот исказ е даден во кривична постапка или ако со лажниот исказ настапиле особено тешки последици за обвинетиот.

Санкциите за лажниот исказ кој е даден во кривична постапка, се следни:

  • казна затвор од една до три години ако за делото за кое се води кривична постапка е пропишана казна затвор од шест месеци до пет години;
  • казна затвор од една до пет години ако за делото за кое се води кривична постапка е пропишана казна затвор до десет години и
  • казна затвор најмалку четири години ако за делото за кое се води кривична постапка е пропишана казна затвор до 20 години или доживотен затвор.

Ако поради лажниот исказ настапиле особено тешки последици за обвинетиот, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Како олеснителна околност со која може обвинетиот да се ослободи од казна е ако  доброволно го отповика својот лажен исказ пред да се донесе правосилна одлука.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико