Правдико

   

ДДВ за становите, останува пет проценти и следните три години

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

gradeznistvoДанокот на додадена вредност (ДДВ) од 5 отсто за становите, што требаше да важи до 31 декември 2015, ќе остане непроменет уште три години.

– Интересот за купување станови се зголемува и тоа, пред се, се должи на повластената ДДВ стапка од 5 отсто. Затоа бараме пролонгирање на одредбата која го дефинира овој процент односно стапката на ДДВ да не се зголеми-, истакна Марија Петреска од Стопанска комора на Македонија.

Петреска додаде дека, евентуалното зголемување на ДДВ од 5 на 18 отсто би повлекло поскапување на становите за околу 13 проценти, а тоа ќе резултира со намалување на прометот за два до три пати, и намалување на приходите во државниот буџет.

Од страна на Министерството за финансии се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност.

Просечните цени на становите минатата година во Скопје изнесувале 876 евра за метар квадратен без ДДВ за разлика од 2010 година кога биле 1.043 евра. Во останатите населени места низ Македонија метар квадратен лани чинел 544 евра, а во 2010 – 718 евра.

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина, според официјалните статистички податоци, се движи околу 750 до 850 евра, меѓутоа во зависност од градот, локацијата, опременоста на становите и самиот локалитет, цените се различни и некаде достигнуваат и преку 1.200 евра/м2. Во последно време се почести се најавите од страна на инвеститорите дека постои застој во продажбата на големите станови.

Според инвеститорите, продажбата на новите станови се уште е на задоволително ниво, становите се продаваат, пред се, заради локациите на кои се градат станбените згради, потоа опременоста на становите и објектите, а истовремено поддржани од нашите банки.

Станбените кредити на физичките лица бележат пораст и споредено 2010 година одобрени се 1.657 милиони денари, а во 2014 година одобрени се станбени кредити во вредност од 3.291 милиони денари или скоро двојно повеќе.

Извор: META.mk

Партнери на Правдико