Де Мезијер: Германија треба да отвори центри за депортација на мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер предложи формирање на центар за депортација на лица на кои им е одбиено барањето за азил, и формирање на централизирана домашна разузнувачка служба.
Овие предлози се дел од пакетот мерки, составен по нападот со камион на божикен саем во Берлин минатиот месец.
Владата вети дека ќе разгледа измени на законот после нападот од 19.декември во кој беа убиени 12 луѓе. Главниот осомничен е Тунижанец на кој му било одбиено барањето за азил.
Мезијер своите предлози ги претстави во статија за весникот “Frankfuretr Algemajne Cajtung”.
Министерот сака федералните власти да добијат поголеми овластувања во сферата на прашања за внатрешна безбедност.
Де Мезијер повика на јакнење на соработката со покраините во врска со депортацијата и сугерира отворање на центри за депортација во близина на аеродромите.
Извор: Макфакс