Дебарчанец се обидел да проголта хероин за да го скрие од полицијата | Правдико

Правдико

   

Дебарчанец се обидел да проголта хероин за да го скрие од полицијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дебарчанец на возраст од 33 години кој бил сопатник во автомобил „шкода“, при полициски преглед во близина на браната „Шпиље“ се обидел да проголта хероин за да го скрие од полицајците.

Како што информираат од МВР, настанот се случил на 6. февруари, а автомобилот со дебарска регистрација бил управуван од 39-годишник, исто така од Дебар. Совозачот не успеал во својата намера и дрогата му била одземена.

Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што полицијата пронашла и одзела марихуана.

Дебарчанецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико