Дебата: Што донесе декриминализацијата на клеветата? | Правдико

Правдико

   

Дебата: Што донесе декриминализацијата на клеветата?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo-crm-maloЦентарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 13 март 2014 (четврток), во Клубот на новинари, со почеток во 11.30 часот, организира дебата:

„Што донесе декриминализацијата на клеветата?“

Во  дискусијата  што  ќе  ја  модерира  новинарот  Саше  Димовски,  како  панелисти  ќе учествуваат: адвокатот  Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова и  претседателот  на  Здружението  на  новинарите  на  Македонија  (ЗНМ),  Насер Селмани.

Очекуваме  присуство  на  судиите  кои  ги  водат  предметите  за  навреда  и клевета во Основниот суд Скопје 2 Скопје, како и нановинари, експерти за медиуми, и претставници од граѓанскиот сектор кои се занимаваат со човековите права и слободата на изразување.

На  дебатата  ќе  биде  презентиран  првиот  извештај  од  мониторингот  на  судските случаи за навреда и клевета, кој го спроведува Центарот за развој на медиуми и кој го опфаќа периодот од 1 февруари 2013, до 28 февруари  2014 година. ЦРМ, континуирано ги следи судските случаи за навреда и клевета во кои се вклучени новинари, уредници и медиуми, а едновремено им обезбедува и правна помошна новинарите.

Имајќи го предвид фактот дека новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е од исклучително големо значење за слободата на изразување и слободата на медиумите  во  Република  Македонија,  дебатата  ќе  биде фокусирана  на  тоа  како  се применува  овој  закон  во  судската  пракса  и  какво  влијание  има  врз  работата  на новинарите и медиумите во државава.

Извор: Сервис за проверка на факти од медиумите

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико