Дедо со пиштол му се заканувал на момчето на неговата внука | Правдико

Правдико

   

Дедо со пиштол му се заканувал на момчето на неговата внука

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седумдесет и тригодишен жител на Пирок му се заканувал со пиштол на поранешното момче на неговата внука.

Според информациите на МВР, вчера, во 20 часот, Ф.М. (20) од с.Пирок, Тетовско, пријавил дека истиот ден во 19.30 часот пред вратата на неговата куќа дошол Б.Б. (73) од с.Пирок и на висок тон почнал да го навредува, по што извадил пиштол и го вперил кон него.

Нападнатиот успеал да го совлада дедото, по што тој си заминал.

Како што соопшти МВР, причина за настанот било тоа што Ф.М. имал љубовна врска со внука на Б.Б., која ја прекинал.

По кажување на дедото, Ф.М. ја вознемирувал внука му.

Дедото го поседувал пиштолот марка „Бернандели“ калибар 7,65мм со дозвола.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико