Дефинирање и методи на тортура | Правдико

Правдико

   

Дефинирање и методи на тортура

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

86299112Мачењето и лошото постапување претставуваат тешки повреди на човековите права и директни закани за безбедноста на секое лице. Така, заштитата на човековиот живот и зачувувањето на физичкиот и менталниот интегритет на секое човечко битие имаат централно место во пристапот кон човековата безбедност.

Апсолутната забрана за мачење и други облици на сурово, нечовечно и понижувачко постапување или казнување е примарна во секоја потрага по човековата безбедност. Несомнено, подигнувањето на свеста за човековите права по пат на едукација и изучување на човековите права, заедно со подобрената правна рамка за заштита и спречување на мачењето и лошото постапување, се камен темелници за унапредување на човековата безбедност и благосостојба.

Понатаму,подобрената имплементација на сите стандарди за човековите права сочинува важен елемент на севкупната стратегија за зајакнување на човековата безбедност. Статутот на Меѓународниот кривичен суд, чиешто воспоставување беше ревносно потпомагано од страна на Мрежата за човекова безбедност, експлицитно го признава мачењето за злосторство против човештвото и воено злосторство и
на тој начин дополнително става посебен акцент на зачувувањето на човековиот живот и човековата безбедност

f948888b-ad1a-4c6f-ac5f-baec6d5e225c-620x372Што е тортура?

Дефинирањето на прекршувањата на човековите права, какви што се тортурата односно мачењето и лошото постапување, на еден широко прифатлив начин од поодамна претставува предизвик, и покрај тоа што нивната осуда и забрана се општо прифатени како норма на меѓународното обичајно право, односно тие се применливи за сите држави. Меѓународно договорените одредби за апсолутна забрана на мачењето, коишто е формулирани во голем број меѓународни правни текстови, не беа доволна гаранција за да се спречи појавата намачење.

Навидум, отсекогаш постоела одредена слобода во дефинициите, оставајќи простор за толкување на државните власти, со што начелно се обезбедува прифаќање на меѓународните правила. Правната дефиниција за тортура е вклучена и прифатена од страна на сите земји потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и други облици на сурово, нечовечно и понижувачко постапување или казнување (УНКАТ) (United Nations Convention against Torture and Other Cruel, Inhuman or Degrading Treatment or Punishment – UNCAT), од 1984 година, (усвоена и отворена за потпишување, ратификација и пристапување со резолуцијата на Генералното собрание 39/46 од 10 декември 1984 година, а која стапи во сила на 26 јуни 1987 година). Таа дефиниција содржана вочлен 1 од Конвенцијата ја одредува тортурата како:

„… дејствие со коешто намерно се нанесува сериозна болка или страдање, било физичко или ментално, на лице со цел добивање од него или од трето лице информација или признание, казнување на лицето за дело коешто тоа или трето лице го извршило или е осомничено дека го извршило, или заплашување или принудување на тоа лице или на трето лице, или пак од причина заснована врз дискриминација по било кој основ, кога таквата болка или страдање се нанесува од страна на или на барање на или со знаење или премолчена согласностна службено лице или друго лице кое постапува во својство на овластено службено лице. Таа не опфаќа само болка или страдање коишто произлегуваат од, коишто се својствени на или коишто се придружни на законските санкции.“

Според УНКАТ, карактеристични елементи на тортурата се:

• Намерно дело со коешто се предизвикува тешко физичко или ментално страдање;

• Дело коешто се нанесува со одредена цел;

• Од страна на државно службено лице или лице кое постапува во својство на овластено службено лице.

Значајно е да се подвлече дека оваа правна дефиниција ги зема предвид и менталната и физичката димензија на тортурата и лошото постапување, и покрај тоа што таа не е сеопфатна и не ги разработува детално тие различни степени. Таа исто така ги исклучува и законските санкции, односно санкциите пропишани со националното право, што во одредени случаи го покренува прашањето дали тие санкции можат да му противречат на сеопштиот дух и на целите на Конвенцијата.

92477278Методи на мачење –Како се врши тортура?

Начелно, што било, од вода до прибор за домаќинство, може да се претвори во инструмент за мачење. Денес, средствата и методите на мачење се развија повеќе одошто се уназадија, а нивната суровост и нечовечност исто така се зголеми.

Поранешниот специјален известувач за тортура, во една студија за состојбата со трговијата и производство на опрема којашто посебно се користи замачење или друг облик на нечовечно или понижувачко постапување, изрази голема загриженост за малата или за недостигот од државна контрола. Голем број техники на мачење, коишто на широко се практикуваат во моментов, не оставаат видливи физички траги на телото, но сепак имаат штетно влијание врз внатрешните органи, како и врз психолошкиот интегритет на жртвата.

Општо гледано, методите на мачење можат да класифицираат во две поголеми групи:

Физички и Ментални.

Физичкото мачење предизвикува огромна болка и прекумерно страдање кај жртвата. Кај најсуровите облици, може да доведе и до осакатување, изобличување или трајна повреда. Методите на мачење коишто најчесто се применуваат се: тепање со камшици, метални предмети, камења, кабли и палки, клоцање и удирање од ѕид. Таканаречениот метод „фалака“ или „фаланж“ (жестоко удирање на жртвата по табаните на нозете) е речиси исто толку широко се користи како и методот со електро-шокови, гушење, врзување и горење со цигари или изложување на жртвата на екстремно ниски или високи температури.

Менталното мачење опфаќа техники на лишување и исцрпување, какви што се лишување од храна, вода, сон, и санитарни простории, техники на лишување од комуникација како што се затворањето во самица и прекинувањето контакти со другите затвореници или со надворешниот свет, техники на принуда и заплашување, како што се присилно присуство при мачењето други луѓе, закана за погубување или симулирано погубување, постојано понижување и тероризирање, итн.

Понатаму, сексуалното насилство честопати се користи какометод зафизичко иментално онеспособување на жртвите. Сите методи на мачење коишто се употребуваат претставуваат сериозен напад врз достоинствотона човекот и кршење на неговите човекови права. Свет ослободен од тортура значи свет ослободен од намерно нанесување болка и од употреба на тие сурови средства од едно врз друго лице.

Зошто се практикува тортурата?

Мотивите за мачење се разликуваат во голема мера, но во суштина, честопати постои намерен и целисходен порив. Желбата да се покаже моќ или едноставно да се сокрие слабоста, честопати, води кон мачење или тешки облици на лошо постапување. Во текот на различни епохи во светската историја, мачењето се користело како начин да се задржи контролата и да се воспостави надмоќ врзпротивниците илилуѓето коишто се зафаќале со напредни идеи и на тој начин имплицитно им се заканувале на властите и на владејачките системи. Така мачењето честопати се употребувало како средство за политичка репресија и угнетување, за казнување, за одмазда како и за замолчување на опозицијата.

Традиционално, мачењето и другите облици на лошо постапување биле користени за добивање информации и признание и покрај тоа што признанијата дадени под принуда и физичка присила имаат сомнителна вредност, ако воопшто и ја имаат. Суровото и понижувачкото постапување исто така се практикуваат како метод за заканување, плашење и дехуманизирање на луѓето, како начин за понижување, на влевање чувство на бескорисност и инфериорност и на крајот уништување на личноста. Сите овие дела, мотивирани од различни намери, имаат долготрајно влијание врз личноста на измачуваното лице.

Физичката рехабилитација и закрепнување честопати траат со години, а последиците неможат секогаш целосно да се излекуваат. Понатаму, психолошките лузни ги обележуваат жртвите до крајот на нивниот живот и честопати ги спречуваат да имаат егзистенција која што ги исполнува.

Жртви и извршители на тортура, нечовечно или понижувачко постапување

Секојможе да стане жртва, особено во општествата во коишто нема традиција на владеење на правото, или поточно каде што законите и обврските коишто тие ги наложуваат, ретко се почитуваат. Лошото постапување најчесто се случува во затворите, полициските станици и во други установи за лишување од слобода, но случаите на лошо постапување во приватните домови или во специјализираните медицински установи за неизлечиви или ментално болни лица не се редок исклучок.

Притворените лица и осудените затвореници се особено ранлива група во поглед на делата на лошо постапување, затоа што тие зависат од властите за најосновните потреби. Овие казнено-поправни установи се по дефиниција затворени; па така, затворените лица се наоѓаат надвор од видокругот на останатото општество и честопати претставуваат група за којашто општата јавност имамногу малку разбирање и сожалување. Малцинствата, без разлика дали се социјални, верски или етнички, како и бегалците и барателите на азил често се предмет на понижувачко постапување и ризикуваат да бидат повторно трауматизирани. Старите иментално хендикепираните лица, коишто живеат во посебни установи и болници и коишто често се занемарени, па дури и заборавени, можат да станат жртви на практики слични на мачење, поради лошите материјални услови како резултат на недостатокот на средства да се обезбеди пристоен стандард на живеење, медицинска грижа и достоинствено стареење.

Текстот е извадок од Прирачникот за едукација за човековите права

Препорачуваме

Партнери на Правдико