Дејвид Швендимен именуван за главен обвинител за воени злосторства на Косово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американецот Дејвид Швендимен е именуван за главен обвинител на специјалниот суд во Ден Хаг, кој ќе ги истражува воените злосторства направени во војната на Косово од 1998 до 1999 година.
Судот, на кој меѓународни судии ќе судат според косовскиот закон, посебно ќе се занимава со наводни злосторства на герилата на Ослободителната војска на Косово над Србите за време на конфликтот и по него.
Швендимен претходно беше главен обвинител на Специјалната истражна работна група на ЕУ на Косово, а кон крајот на 2000-те беше главен обвинител за воени злосторства во БиХ.
Извор: Макфакс