Демант на агенцијата Рејтинг: Никогаш не прогнозиравме излезност од 83% на референдумот | Правдико

Правдико

   

Демант на агенцијата Рејтинг: Никогаш не прогнозиравме излезност од 83% на референдумот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Демантот се однесува на невистините изнесени од некои медиуми во однос нивното истражување по повод референдумот во општина Центар.

1979729_644004585654740_802441563_n

Агенција Рејтинг никогаш не прогнозирала излезност од 83% на референдумот, што е нелогично дури и за политички најнеобразованите. Таква излезност немало никогаш во Македонија на ниедни избори, а камоли на локален референдум. Ваквата срамна манипулација на дел од медиумите е интенциозна и бараме медиумите веднаш да ја повлечат.

Соопштението кое Рејтинг го објави е во однос на резултатот од излезените гласачи гласеше 83% ЗА, што е многу блиску до официјалниот резултат. Прашање за излезност никогаш не сме објавиле. Доколку медиумите кои ја објавија оваа лага не ја повлечат оваа вест и не го објават демантот во целост, ќе покренеме тужба за нарушен углед соопштуваат од Агенцијата Рејтинг.

Последното истражување спроведено во врска со претстојниот референдум за изгледот на ГТЦ, покажува дека убедливо мнозинство граѓани од Општина Центар ќе гласаат за задржување на автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ.

Дури 83%  од оние кои ќе излезат и гласаат на референдумот в недела, одговориле дека ќе гласаат ЗА на прашањето „Дали сте за тоа Градскиот Трговски Центар да го задржи автентичниот изглед на фасадата.“

Screenshot_4

Во споредна со периодот пред 6 месеци, кога се вршеше последното истражување во врска со подготвеноста на граѓаните на Општина Центар да излезат на референдум за изгледот на ГТЦ, процентот на граѓани од оваа општина кои би гласале ЗА автентичниот изглед на ГТЦ, денес е пораснат за 15%.

Screenshot_5

Понатаму, во истражувањето, на анкетираните граѓани кои одговориле дека на претстојниот референдум ќе гласаат ЗА, им било поставено прашањето „Која е главната причини поради која би гласале „ЗА“.  За 27.7% од анкетираните главната причина е „ГТЦ е културно наследство на градот и не треба да се менува“, 21.2% за „ГТЦ ги врзуваат убави спомени и не би сакале тој да се менува“, додека пак 18.2% од оние кои ќе гласаат за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ тоа ќе го направат поради тоа што „Не се согласуваат со барокизацијата на објекти во центарот на градот“.

Screenshot_6

Имајќи го предвид големиот отпор на граѓаните на Општина Центар кон барокизацијата на објекти во центарот на градот, на испитаниците во ова истражување им беше поставено и прашањето „На скала од 1 до 10 каде 1 значи воопшто не ми се допаѓа а 10 целосно ми се допаѓа, колку ви се допаѓа барокниот стил на градби во проектот Скопје?“. Дури 51.6% од испитаниците одговориле дека воопшто не им се допаѓа барокниот стил на градби, додека пак само 11.7% рекле дека целосно им се допаѓа.

Screenshot_8

Понатаму, на истата скала од 1 до 10, од испитаниците беше побарано да објаснат колку се согласуваат со тврдењето „Би сакал да го видам ГТЦ во барок“. Како што може да се забележи од графиконот подолу, само 8.7% од граѓаните на Општина Центар целосно се согласуваат со ова тврдење, за разлика од дури 78.5% кои воопшто не се согласуваат, односно, не би сакале да го видат ГТЦ во барок.

Screenshot_10

Сосема на крајот, на испитаниците кои живеат на територијата на Општина Центар им беше поставено прашањето „Која емоција се буди кај вас кога ќе помислите на ГТЦ“. Кај 32.8% од жителите на Општина Центар ГТЦ поттикнува чувство на „Гордост“, кај 32.7% чувство на „Љубов“, кај 29.0% чувство на „Почит“, додека пак кај 26.5% Центарци ГТЦ буди чувство на „Задоволство“.

Screenshot_12

Истражувањето било спроведено за потребите на иницијативата „Го Сакам ГТЦ“ од страна на  компанија која е специјализирана за истражување на јавното мислење. Анкетата траела од 16 – 19 Април, додека пак податоците биле собирани по пат на телефонско интервју. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок  од  800 испитаници – жители на Општина Центар, додека стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесува +/- 3,3%.

Препорачуваме

Партнери на Правдико