ДЕМАНТ на прес конференцијата на Стопанската комора на Македонија од 03.10.2016 | Правдико

Правдико

   

ДЕМАНТ на прес конференцијата на Стопанската комора на Македонија од 03.10.2016

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advokatska komoraДемантот Ви го пренесуваме во целост:

Адвокатската комора на Република Македонија најостро ги демантира тврдењата на Стопанската комора на Македонија во врска со учеството на адвокатите во одредени постапки предвидени со новите закони за нотаријат и за извршување изнесени на прес конференција одржана вчера, 3.10.2016.

Во Македонија има 2.504 активни адвокати и тие се главни вработувачи  на 99 отсто од дипломираните правници во земјава. За разлика од Стопанската комора, која наводно ја штити позицијата на минимален број вработени во одредени компании и шири невистини во врска со овие закони, заначајно е да се истакне дека адвокатите само на годишно ниво вработуваат над 300 правници.

Наводите дека новите решенија најмногу ќе влијаат врз зголемување на трошоците во работењето, одолговлекување на постапките и потребата од реорганизација на правната служба во компаниите се дезинформации. Напротив, новите решенија ќе обезбедат поголема правна сигурност за клиентите на компаниите – нешто за кое треба Стопанската комора да се залага.

Невистина е дека вработените правници имаат исти лиценци, тие немааат адвокатски лиценци и не може да имаат адвокатски лиценци кога се вработени правници.

Статистиката, пак, дека бројот на  вработени лица во правните служби со положен правосуден испит се движи од еден до пет, сметаме дека е произволна.

Стопанската комора е должна да ги едуцира своите членки и во овој контекст да им објасни  во кои постапки за наплата на побарувања е потребно ангажирање на адвокат,  да им објасни дека се укинува нотарскиот акт кој  беше наметнат како задолжителен за повеќе правни состојби – со што повеќе од двојно се намалуваат трошоците, дека во постапките каде е предвидено задолжително на присуство на адвокат – на адвокатот му следува 50% од наградата на нотарот, како и тоа дека правната сигурност и владеењето на правото претставуваат темелна основа за остварување на правата и слободите во една држава.

Заложбата на Адвокатската комора на Република Македонија е враќање на одземеното на адвокатите и заштита на адвокатурата, која е уставна категорија, од квазиситеми со легално надриписарство.

Со почит,

Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико