Правдико

   

Демири не доби притвор, Левица бара пуштање и на другите двајца нивни членови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ниту притвор, ниту било какви превентивни мерки не побарал обвинителот по денешниот информативен разговор со Мариглен Демири, член на президиумот на Левица.

branimir-jovanovik-860x680

Демири денеска беше повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство поради учество во толпа.

Бранимир Јовановиќ од Левица на денешната прес-конференција, по завршувањето на информативниот разговор, рече дека мерките за куќен притвор изречени за нивни двајца членови се престроги и затоа бараат тие да бидат повлечени.

– На Денот на победата над фашизмот, истакнат борец против фашизмот и режимот беше повикан на информативен разговор поради учество во антифашистички протест. Како што ги победивме фашистите пред 70 години, така ќе ве победиме и вас – изјави Јовановиќ.

Тој додаде дека освен двајцата членовите на Левица, кои се во куќен притвор и Демири кој беше повикан на информативен разговор, вчера, физички бил нападнат и активист на левичарското движење „Солидарност“, затоа што носел транспарент.

Извор: Мета

Партнери на Правдико