Денеска е Ден на правосудството, можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност | Правдико

Правдико

   

Денеска е Ден на правосудството, можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на судската администрација на сите вработени во судската служба на судовите, судиите, судите поротници, јавните обвинители, правобранителите, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, пробациската служба, им го честита 31 март – Денот на правосудството, со желба за успешно извршувањето на работите од своја надлежност.

На денешен ден во 1945 година со донесувањето повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија поставени се темелите на судството во Република Македонија. Со повелбата основани се 25 околиски судови, три обласни судови, со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.

Годишнината на одбележување на овој датум е можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност, интегритет, непристрасност, стручност и професионалност во работењето како темелни вредности за владеење на правото и функционирањето на правната држава. Во изминатите 75 години македонско правосудство стремежот кон имплементација на овие принципи е вткаен во трудот на генерации вработени во правосудните институции.

Денес, исправено пред барањата на современото општество, македонско правосудство е свесно за своите слабости, но и свесно за неизбежноста на процесот за бескомпромисно опстојување на овие принципи и достигнување нови повисоки стандарди во своето работење“, се наведува во соопштението на Здружението на судската администрација.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико