Правдико

   

Денеска почнува судењето за трикратното убиство во Кавадарци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Основниот суд во Велес денеска почнува судењето против Тони Станоев, обвинет за трикратно убиство во Кавадарци, од ноември 2014 година, кога ги застрела родителите на својата сопруга и нејзината сестра.

kavadarci

На Станоев ќе му се суди за три кривични дела убиство, за кои му се заканува казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор, за убиството на Снежана, Билјана и на Илија Л.

Според обвинението што беше поднесено на почетокот на мај од јавниот обвинител во Велес, Станоев ќе одговара за тројното убиство што го извршил на 9 ноември 2014 година, околу 16 часот, во куќата на родителите на неговата поранешна сопруга.

Истрагата утврдила дека тој отишол во куќата на родителите на поранешната сопруга за да разговара со неа, но таа во тој момент била на работа во Основниот суд во Кавадарци, а дома биле нејзината сестра и родителите.

Почнале да се расправат меѓу себе, а по меѓусебното туркање и влечење, на Станоев му паднал пиштолот со кој стрелал во мајката и во сестрата на неговата поранешна сопруга.

Откако ги застрелал, се качил на катот од куќата и истрелал еден куршум во таткото на својата поранешна сопруга.

Родителите починале веднаш, а сестрата со тешки повреди била пренесена во болница, каде што починала.

Тони Станоев по убиството избега, а беше фатен неколку дена подоцна, во близина на гробиштата во Кавадарци.

Оттогаш е во притвор, а врз него било извршено и психијатриско вештачење, кое утврдило пресметливост, што ќе се користи како доказ во постапката против него.

Во текот на истрагата, утврдено е дека сега обвинетиот повеќепати бил пријавуван за упатување закани кон свои блиски и кон блиските на неговата сопруга, како и дека бил извршител на семејно насилство кон сопругата.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико