Правдико

   

Денеска прва пресуда за Груевски – му се заканува затвор до 3 години

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд во Скопје попладнево судијката Добрила Кацарска ќе ја соопшти пресудата за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Tретообвинет во предметот е експремиерот Никола Груевски, кој, доколку биде осуден, може да добие најмалку 1, а најмногу 3 години затвор за кривичното дело „давање награда за противзаконито влијание“.

Ова ќе биде прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.


Покрај него, во предметот второобвинет е помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кому му се заканува построга казна затвор од најмалку 5 години. Тој вчера беше осуден на ефективна казна затвор за предметот „Триста“ во времетраење од 9 години.

Во предметот „Тенк“ првообвинета е ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на која ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години за поттикнување во извршување на кривичното дело. Нејзе ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризичната бременост. Првото рочиште е закажано в понеделник, 28 мај. Судењето за „Тенк“ започна на 30 јануари годинава и траеше приближно 3,5 месеци.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико